Чешка ќе испрати 30 полицајци во Грција, како дел од програмата на европската гранична служба „Фронтекс“, изјави директорот на полицијата Томаш Тухи.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, припадниците на полицијата ќе асистираат при враќање и превоз на мигрантите од земјите на Европската унија во Турција, заедно со колегите од Германија, Австрија и Словачка.
Претходно, испратените 11 чешки полицајци спроведуваат контрола и регистрација на бегалците.
Чешка, како помош со мигрантската криза има испратено десетици војници и полицајци во Унгарија, Словенија и Македонија.
Чешка се залага за подоследна заштита на надворешните граници на земјите на ЕУ, а одбива да прими задолжителна квота на бегалци.