СДСМ: Нервозаната реакција на Иванов ги потврди релациите со фирми од Панама

Од:

„Со денешната нервозна реакција Ѓорѓе Иванов само го потврди она што го покажуваат и официјалните документи на Централниот регистар:

Лип Корп Панама е основач и сопственик на фирмата Делфино травел Балканс. Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, Делфино травелс Балканс.

Оттука, јасно е дека братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски имал бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама.

Пред само неколку дена, на 12.04.2016 година, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми,

Делфино травел Балканс згаснува и ја бришат од Централен регистар.

Бидејќи Иванов е добро запознаен со сметките на оваа фирма токму тој треба да одговори за сите трансакции.

Неоснованите заканите со некава тужба на Суд од страна на човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски се смешни и несериозни.

Токму Иванов со антидржавната аболиција спротивна на Устав и Закон го укина владеењето на правото во земјава, за што Македонија е на нозе.

Како што тргнал со антидржавните аболиции, дали Иванов планира да прогласи аболиција и за лица од неговото блиско семејство“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он