Пјонгјанг ќе ги прекине нуклеарните проби, доколку САД ги прекинат вежбите

Од:

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Су Јонг изјави дека неговата земја е подготвена да ги прекине нуклеарните проби, доколку САД ги прекинат годишните воени вежби со Јужна Кореја.

Во интервју за АП, прво кое го дал за еден западен медиум, Ри го повтори ставот на Пјонгјанг дека САД ја принудиле неговата земја да развива нуклеарно оружје како чин на самоодбрана, јави Танјуг.

Тој истовремено најави дека прекинот на воените вежби со Сеул би можел да ја отвори вратата за преговори и да ја намали тензијата.

– Доколку продолжиме по патот на конфронтација, тоа ќе доведе до катастрофални резултати, не само за двете земји, туку и за целиот свет, рече тој.

Според него клучно е Владата на САД да прекине со непријателската политика кон Северна Кореја и како израз на тоа да ги прекине воените вежби на Корејскиот Полуостров.

– Ние тогаш ќе одговориме на ист начин, изјави Ри во интервјуто, кое беше направено во дипломатската мисија на Северна Кореја во Обединетите нации.

Само неколку часа претходно властите на Северна Корека соопштија дека извршиле проба на лансирање балистичка ракета со подморница, со присуство на лидерот Ким Џонг-ун и дека тоа бил голем успех, кој на таа земја и пружил уште едно средство за моќен нуклеарен напад.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот