Екипите на Кливленд и на Сан Антонио поведоа со 3-0 во победи во првото коло од плеј офот во НБА лигата. Тие ноќеска ги совладаа своите ривали Детроит односно Мемфис и се на само една победа до пласман во конференциското полуфинале.
Кливленд славеше на гостувањето кај Детроит со 101:91, предводник до победата беше Кајри Ирвинг со 26 поени.
Сан Антонио го совлада Мемфис со 96:87, најмногу по заслуга на Кавај Леонард кој постигна 32 поена.
Првата победа воразигрувањето за титулата ја постигна Бостон против Атланта 111:103 и го намали резултатот на 2-1 во серијата прв до четири победи.