Индија се почесто се користи како транзитна точка за префрлување џихадисти во Сирија

Од:

Индија се почесто се користи како транзитна точказа префрлување џихадисти во Сирија, изјави денеска началникот на полицијата во Мумбај, главен град на сојузната држава Махараштра.

Според него преку Индија во Сирија се префрлуваат борци од околните земји, кои се врбувани од Исламска држава.

Една од тие земји се Малдивите, кои според него се претвораат во расадник на екстремизмот.

Според индиските специјални служби малдивските млади луѓе изминатите години се објект на масовна радикализација и веќе претставуват опасност за Индија. Над 150 веќе се вклучиле во силите на ИД во Ирак и Сирија, а некои почнале да агитираат и во други земји, меѓу кои Индија.

Индиската полиција има сознанија дека меѓународните аеродроми во Мумбај и во западниот град Бангалор се користат за префрлање за пополнување на силите на ИД во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати