СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и направи саботажа на Македонија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и направи саботажа на Република Македонија, на нејзините национални и државни интереси.

Криминалното, неодговорното, деструктивно и антидржавно однесување на злосторничкото здружение на Никола Груевски ја предизвика кризата во земјава со изборни грабежи и фалсификување на вистинската волја на граѓаните.

Соочени со страв од одговорноста за криминалот, само за спас на сопствената кожа, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја втурнаа Македонија во уште подлабока криза.

Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Затоа е погребан Договорот од Пржино. Затоа не е прочистен избирачкиот список, нема реформи во медиумите, не е одвоена партијата од државата.

Денеска и Европската унија потврди дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици врз државата.

Оттука е констатацијата дека постојните проблеми со владеењето на правото го поткопуваат договорот и мора да се решат без одложување. Ова особено се однесува на нарачаната одлука на Иванов за аболиција.

Јасно е, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од слободни, фер, кредибилни и демократски избори и затоа ги држат граѓаните како заложници.

Македонија е на нозе и тоа нема да го дозволи.

Демократска Македонија нема да дозволи Никола Груевски да ја држи во заложништво иднината на земјата.

Во Македонија мора да има и ќе има фер и демократски избори, со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвоеност на партијата од државата“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик