Промовиран романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски

Од:

Романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски денеска беше промовиран во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Авторот е добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга за деца и млади за 2015 година.

Ова е 20 книга на Неделковски, а издавач е „Антолог“ од Скопје.

За новиот роман на Неделковски зборуваше универзитетска професорка Весна Мојсова-Чепишевска, која истакна дека во интервал од 40 години творештво посветено на децата и младите, од неговата прва збирка раскази „Леб за тате“(1975), до книгата „Златко-Златец“, (2015) се случуваат 20 книги потпишани од него.

– Книгата „Златко-Златец“ е организирана како серија од четири мини романи, а времето во приказните е распослано низ четири месеци, од август до ноември, рече Мојсова-Чепишевска.

Главен лик во книгата е деветгодишно момче Златко и неговото семејство. Опишани се авантурите на Златко и другарите Мишко, Марче, Горан и Зоран и со другарките Летка, Снеже, Маринока и Јана. Во романот се третираат темите-потребата за домашно милениче во семејствата со едно дете, другарството, првата љубов, жедта за аплауз и популарност…

– Приказните за Златко-Златец стрелаат директно во детското срце, потенцира Мојсова-Чепишевска.

Актерот Томе Витанов потсети на животот и делото на авторот и читаше извадоци од романот „Златко-Златец“.

На промоцијата присуствуваа и учениците од основното училиште „Војдан Чернодрински“ од Скопје, кои се дружеа со писателот и му поставуваа прашања за неговото творештво.

Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Напишал и објавил голем број книги за најмладите читатели.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска