(ВИДЕО) Заев: Го честитам јубелојот на СДСМ, годинава следи и роденденот на слободна Македонија!

Од:

Денеска, на 25 годишнината од основањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со гордост порачувам:

-Заедно со вас граѓаните го отворивме патот на самостојна и независна Македонија
-Заедно со вас граѓаните ги изградивме институциите на Македонија
-Заедно со вас граѓаните поставивме мостови меѓу Македонија и светот
-Заедно со вас граѓаните отворивме нови пазари и можности за Македонија
-Заедно со вас граѓаните во време на сериозен воен конфликт ја стабилизиравме Македонија.

Се што направивме заедно, мала криминална група на власт, за лични интереси, 10 години гази и руши во Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Лани, после отворањето на Вистината за Македонија, ве повикав во заедничка битка за Македонија и повторно одговорно, како што му доликува на овој скромен, трпелив, но храбар народ и како што и доликува на СДСМ, заедно ја поведовме битката за човековите, уставните и државните вредности во Македонија.

Денес повторно сме ние почитувани граѓани на браникот – вие и Социјалдемократскиот сојуз!

И среќен сум, вредеа сите жртви, до последна:
-Денес сме сплотени повеќе од секогаш
-Зрели повеќе од секогаш
-Одговорни повеќе од секогаш.

Знаеме, си требаме себеси, им требаме на нашите деца, и требаме на Македонија!
Затоа Македонија е на нозе!

Почитувани граѓани,
Време е да отвориме нова страница!

Еднаквоста, слободата, правдата, демократијата не се само зборови!
Еднаквоста, слободата, правдата, демократијата се преспективи!

Социјалдемократскиот сојуз заедно со вас граѓаните повторно застанува зад перспективите на Македонија!
Порачувам – да опстоиме на заложбите, ова се последните чекори до слободна, праведна, демократска Македонија! Татковина подеднаква за сите граѓани!

Чест ми е да го честитам јубилејниот, 25-ти роденден на СДСМ.

Среќен роденден СДСМ, и оваа година, заедно со сите граѓани, независно од каква било различност, да го славиме роденденот на слободна Република Македонија, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он