Петта „Ролер трка 2016“ во Скопје

Од:

Петтата „Ролер трка 2016“ наречена „Возиме кон иднината“ ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот.Стартот ќе биде на булеварот „Илинден“, пред фонтаната на Градскиот парк, а ќе се вози до клучката на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ или кај ЈП „Паркови и зеленило“.

Организатори на оваа спортска манифестација се Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Ќе учествуваат сите основни училишта од градот и околината со учесници од по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до деветто одделение.

– Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, информира Детскиот културен центар „Карпош“.

На ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните ученици во машка и женска категорија.

Детскиот културен центар „Карпош“ информира дека лани во манифестацијата „Возиме кон иднината“ се вклучиле околу 700 учесници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето