ЛДП: Оставка од Димитриев и формирање Влада на национално единство

Од:

„Неотповиклива оставка од премиерот Емил Димитриев, задолжен за спроведување на изборите и итно формирање на Влада на национално единство. Ова е единствениот пат за излез на државата од актуелната политичка, економска и морала криза, што ВМРО-ДПМНЕ ја наметна по своја воља.

Техничкиот премиер Димитриев во изминатиот период со ништо не покажа дека се залага и работи на сите предуслови за овозможување на фер, демократски и кредибилни избори, како и споведување на препораките од извештајот на Прибе. Напротив, со сите свои постапки помага во изигрување на Договорот од Пржино, остава простор за уште поголеми сомнежи за непрочистениот избирачки список, а се повеќе не’ оддалечува и од регулацијата на медиумите и избалансираното медиумско известување. Секојдневно сме сведоци на обидите на власта да се загуши револтот и правото на протест на граѓаните со контрапротести, закани и протисоци, особено врз вработените во админстрацијата.

Во овие тешки моменти за државата, кога тензиите и поделбите меѓу граѓаните од час во час се повеќе се зголемуваат, убедени сме дека формирањето на Влада на национално единство ќе биде најдобриот чекор за излез од кризата.

Бараме во новите преговори да земат учество претставници на помалите политички партии како и граѓанскиот сектор. Претседателот Иванов да ја повлече аболицијата за криминалците од власта и да си замине од функцијата, а Специјалното јавно обвинителство да ги процесуира сите истраги кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Само така Република Македонија ќе се врати на патот на демократијата, владеењето на правото и евроинтеграциите“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство