Продолжува доминацијата на домашните екипи во првото коло од НБА плеј офот.
На трите ноќешни натпревари победија домаќините и од 16-те досега одиграни натпревари гостите постигнаа само две победи (Индијана и Далас).
Леброн Џејмс го предводеше „триото“ на Кливленд кое постигнаа по 20 и повеќе поени во победата над Детроит од 107:90. Џејмс постигна 27 поени, Кајри Ирвинг 22, а Џеј Ар Смит 21 поен.
Мајами го совлада Шарлот со 115:103, а најефикасен кај победникот беше Двејн Вејд со 28 поени, додека ЛА Клиперс беше поуспешен од Портланд со 102:81. Крис Пол реализираше 25 поени.
Резултати по два одиграни натпревара: Кливленд – Детроит 2:0 (во победи), Атланта – Бостон 2:0, Мајами – Шарлот 2:0, Торонто – Индијана 1:1, Голден Стејт – Хјустон 2:0, ЛА Клиперс – Портланд 2:0, Оклахома Сити – Далас 1:1 и Сан Антонио – Мемфис 2:0.