ПССЕ повика на спречување на радикалзиацијата на децата

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвои Резолуција со која се повикува да се спречи радикализацијата на децата, предлагајќи попречувањето на овај феномен да започне од најраната возраст, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во Резолуцијата, усовоена по предлог на азербејџанската пратеничка Севинџ Фаталиева, се вели дека превенцијата е најдоброто решение и клуч за да се спречи привлекување на младите од страна на насилниот екстремизам.

Поради тоа со превенцијата треба да се започне од најраната возраст, во моментот кога се оформуваат вредностите и убедувањата, предлага Фаталиева.

Во усвоениот текст пратениците од 47-те земји членки на Советот на Европа сметаат дека „стратегиите за дерадикализација и интеграција во општеството треба да ги имаат за цел децата во нивниот специфичен контекст, да бидат глобални и втемелени врз локални партнерства со повеќе институции“.

Расправата во ПССЕ и донесувањето на овај документ доаѓа откако во медиумската јавност се појавија повеќе деца родени во западна Европа и кои се бореа во редовите на Исламската држава, по нивната радикалзиација најчесто преку социјалните мрежи.

Некои европски земји не ја чекаа резолуцијата на ПССЕ за да започнат со свои програми за превенција на најмладите, започнувајќи од програми за воспитување за декодирање на содржината на видео и фото пораките, објаснување на тоа што е вистинито, а што не е на интернет, па се до телефони за пријавување на сомнителни однесувања по појава на првите елементи на радикализација.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска