СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски 10 години ја задушуваат слободата на медиумите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски 10 години ја задушуваат слободата на медиумите во Македонија. Денешниот извештај на Репортери без граници е силна потврда за катастрофалната состојба на медиумскиот простор во земјава. Според Репортери без граници, Македонија го зазема 118 место што е пад за цели 80 места од 2009 година до денес, реагира СДСМ.

„Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и заштита на криминалната банда. Затоа Македонија е на нозе. Сите заедно, без разлика на политичка, национална или верска припадност, го креваат својот глас во име на демократијата и слободата. Демократска Македонија бара слобода, бара слободни медиуми. Клучни столбови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се слободни и независни медиуми. Со промена на власта на следните фер и демократски избори, кога и да се случат, СДСМ ќе им гарантира на новинарите слобода да истражуваат и да информираат за сите случувања во државата, заштитени од притисоци“, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он