ЕК не го коментира демантот на Делавекурас на изјавата на Филе

Од:

Изјавата на портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе треба да си ги провери фактите кога вели дека Македонија може следната година да ги почне преговорите за влез во Европската унија, во Европската комисија не сакаат официјално да ја коментираат.

Официјалниот портпарол на Комисијата, Пиа Аренкилде-Хансен, денеска на прашањето на дописникот на МИА од Брисел за коментар на официјалниот став на МНР на Грција, истакна дека ЕК не сака да коментира.

– Го знаете официјалниот став на Комисијата да не коментира ничии официјални изјави и ставови, ни појасни гласноговорникто на Филе, Петар Стано.

Иницијативата на ЕК и конкретно на Филе да продолжи успешниот процес на проширување со доделување на датум за преговори за Македонија, по четири едноподруго позитивни препораки, еврокомесарот се обидува да ја прошири кај сите земји-членки на ЕУ и поради тоа до декемврискиот Самит на Советот се очекува да се сретне со сите политички преставници на земјите и да побара да се одмрзне блокадата за Македонија. Во таа насока, Филе во саботата ја посети и Германија, каде по средбата со германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, за Ројтерс изјави дека “од Скопје и Атина доаѓаат позитивни сигнали кои покажуваат дека решавањето на спорот за името може да следува по отпочнувањето на пристапните преговори, а  не да биде предуслов за нивно почнување”.

На овој позитивен став на Филе, веднаш одговори портпаролот на грчкото МНР, па Делавекурас му порача на еврокомесарот “да си ги преиспита и преразгледа сите факти со кои располага”. Ваквиот тврд став на Грците бил примен како удар од страна на Комисијата која заедно со Европскито парламент отворено ја туркаат идејата Македонија да ги почне пристапните преговори, а решавањето на спорот со Грција да се решава за времетраењето на истите.

До Самитот на Советот закажан за 13 и 14 декември останува уште нешто повеќе од еден месец, во кој се очекува Филе уште повеќе да притисне за остварување на целта на ЕК за доделување на заслужен датум за почеток на преговори за Македонија. Се освен ваков исхот на Самитот, очигледно Комисијата би го сфатила как освој пораз и воопшто пораз на процесот на проширување ако на една земја четирипати едноподруго и даваат позитивни препораки, а Советот не го овозможува тоа поради билатерален спор на една од земјите-членки.

Па, така, според најавите пред крајот на овој месец се очекува состанок на Комитетот на постојани преставници на земјите-членки на ЕУ или скратено Корепер, на кој ќе се утврди дневниот ред за декемврискиот Самит и кога ќе се знае дали во точката проширување ќе се најде и Македонија, што би значело дека Советот ќе расправа и има согласност да одреди датум или пак само ќе се констатира дека земјата исполнува услови, но поради нерешен билатерален спор со Грција, да не биде воопшто ставена како тема на разговор.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он