Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Бугарија

Од:

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве го објави издавачката куќа „Колибри“ од Софија во рамките на едицијата „Современа европска проза“. Преводот на бугарски јазик е на Божидар Манов, професор на Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ) во Софија.

Претставувајќи го романот, бугарски „Факти“ пишува за Гоце Смилевски дека е наследник на Гинтер Грас и Жозе Сарамаго, бидејќи е суверен стилист, страстен раскажувач и застапник на универзалните вредности.

– Романите „Разговор со Спиноза“, „Сестрата на Зигмунд Фројд“, а сега и „Враќањето на зборовите“ се сведоштво за неговата вдахновена ерудиција и не случајно се крунисани со меѓународна популарност, се нагласува во текстот.

Софиски „Колибри“, ги објави и предходните романи на Смилевски „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“, исто така во превод на бугарски на Божидар Манов.

Романите на Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот. Минатата недела, во издание на „Одеон“ од Прага романот „Враќањето на зборовите“ се појави на чешки јазик, во превод на Дагмар и Иван Доровски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска