Екипата на Голден Стејт ја искористи предноста на домашен терен во првото коло од плеј офот и во вториот натпревар одигран ноќеска пред своите навивачи го совлада Хјустон со 115:106.
Поради повредата добиена на првиот дуел за шампионот Голден Стејт не играше Стеф Кари, а во негово отсуство најефикасен беше Клеј Томсон со 34 поени. Голден Стејт има водство од 2-0 во победи.
Победа на гости постигна Далас со 85:84 совладувајќи ја Оклахома Сити. Во последните секунди домаќинот испушти победа Кевин Дјурант и Расел Вестбрук не реализираа во последниот напад, а кошот на Стивен Адамс беше постигнат по истекот на времето. Најдобар играч на дуелот беше Рејмонд Фелтон од Далас со 21 поен и 11 скокови. Далас со триумфот изедначи во серијата на 1-1 во победи.
Првата плеј оф победа оваа сезона ја оствари и Тороното откако на домашен терен ја совлада Индијана со 98:87 и резултатот во победи е 1-1.