На четирите натпревари од првото коло од НБА плејфот одиграни ноќеска победи постигнаа домашните екипи.
Најголеми проблеми за да стигне до триумфот имаше најдобриот тим од „Истокот“, Кливленд, кој дури во финишот на дуелот го „скрши“ отпорот на Детроит. Решавачка беше последната четвртина што Кливленд ја доби со 30:23.
Триото Кајри Ирвинг (постигна 31 поен), Кевин Лов (28 поени и 13 скокови) и Леброн Џејмс (22 поена и 11 асистенции) беа творци на победата.
Резултати: Кливленд – Детроит 106:101 (1-0 во победи), Мајами – Шарлот 123:91 (1-0), Сан Антонио – Мемфис 106:74 (1-0) и ЛА Клиперс – Портланд 115:95 (1-0).