Минатата година во општина Аеродром родени 752 новороденчиња

Од:

Општина Аеродром во текот на 2015 година доделила рекордни 752 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои  358 за машки деца, а 394 за женски деца.

Како што соопшти општина Аеродром, од нив 406 се првородени деца, 280 се второродени, во 58 семејства има трето дете, шест се четвртородени и едно е шестто дете.

За разлика од претходните години во 2015 година најчесто име што им се давало на девојчињата од општина Аеродром е Јована, а кај момчињата Петар. Исто така, има и многу деца кои се викаат Михаил и Михаела, Ана и Јана, како и Марко и Лука. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Миња, Мина, Делфина, Маркијан, Калист, Калија, Нестор, Василиј, Звездан, Зафир…

Општина Аеродром, како што се наведува во соопштението, и годинава продолжува со акцијата за доделување еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од  5.000 денари.

Би можело да ве интересира

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром