СДСМ: Џабе му е на Мијалков параванот Иванов, му следува судот од народот

Од:

„Сашо Мијалков, како и неговиот братучед Никола Груевски, не може да се заштити зад параванот Ѓорѓе Иванов.

Под трул кров е исплашената, осамена, братучедска двојка Мијалков и Груевски.

Мијалков, под чија палка е прислушувана пола Македонија, ќе одговара пред граѓаните на Република Македонија.

Народот е на нозе, свирките на разбудена Македонија го означуваат крајот на драмолетките на крминалнтата банда.

Народот си ги враќа институциите во свои раце, тој ќе му пресуди на тимот на злосторот Груевски – Мијалков – Иванов.

Правдата не е кај Ѓорге Иванов, правдата е веќе кај граѓаните.

Заминува расипничката, корумпирана власт на чело со братучедите Мијалков и Груевски, која 10 години владее спротивно на Уставот и законите во државата.

Доаѓа слободна и демократска Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он