Швеѓаните конечно добија право да танцуваат во кафулињата

Од:

Баровите во Шведска повеќе нема да имаат потреба од специјална дозвола за „спонтано танцување“, откако пратениците усвоија закон, со кој се отфрлува ова спорно правило, објави денеска шведскиот огранок на сајтот Локал.

На Швеѓаните од ’30-те години на минатиот век им било забрането да танцуваат во пабови и барови, кои немаат посебна дозвоа за тоа, но различни политички и други групи, со повеќе од 20 кампањи се обидуваа да го издејствуваат напуштањето на таа пракса.

Овие желби беа конечно исполнети вчера, кога шведскиот Парламент гласаше за укинување на забраната за танцување, по силниот притисок на опозициската Левичарска партија
– Ова е сјајно, изјави вчера Розана Динмарка, која ги предводеше напорите на таа партија за укинување на спорниот закон, откако Паламентот ја донесе одлуката.

– Долго време тука се веруваше дека танцувањето е криминал и дека може да има опасни последици. Но танцувањето е само забава, тоа е израз на радост, нагласи таа.

Нејзиниот партиски колега, кој исто така учествуваше во акцијата за укинување на забраната, Матијас Сундин изрази надеж дека измената на законот ќе почне да се применува до крајот на годината и ја повика Владата да преземе мерки во таа насока.

– Крајно време е Владата да се заземе. Би требало законот да стапи во сила најдоцна до 1 јануари следната година, за да можеме да танцување на Новогодишната ноќ, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица