Избрани учесниците на фестивалот „Литературни Искри“ 2016

Од:

По оценувањето на пристигнатите ракописи на конкурсот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“, кој годинава се одржува по трет пат, жири комисијата ги објави авторите што влегуваат во конкуренција за награди и учество на фестивалот.

Од организаторот на оваа манифестација НУЦК „АСНОМ“ – Гостивар, информираа дека жирито во состав Бранко Цветкоски, претседател, Габриела Петроска, член и Адем Абдулаху, член, ги оценило 125-те пристигнати ракописи во предвидениот рок на конкурсот.

– Жирито констатира дека одѕивот оваа година е масовен и со поетскиот квалитет на очекуваното рамниште. При тоа го направи потесниот избор од конкурентите со вистинска поетска зрелост, естетска уверливост, поетичка инвентивност и свежина на поетската постапка која ќе претставува значаен влог во развојот на македонската и балканската поезија, се наведува во соопштението на организациониот одбор, кое вчера беше испратено.

Во конкуренцијата за наградите: ГРАН ПРИ, Прва Награда, Втора Награда, Трета награда, Најдобра млада искра, Најдобар странски автор на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“ и автори кои ќе се претстават на свеченото отворање на фестивалот се: Исток Улчар од Скопје, Наташа Василевска Трајчевска од Струмица, Митре Мангоски Радождански од Охрид, Катја Вангелова од бугарскиот град Варна, Невриј Адеми од Гостивар, Надица Тренчева од Кавадарци, Слаѓана Ставрева од Скопје, Вања Савова од Бургас, Константин Карев од Гевгелија, Ивана Китаноска од Гостивар, Валентина Трајковска од Охрид, Маријана Давиткова од Кочани, Митко Гогов од Струмица и Пламен Димитров од бугарскиот град Пазарџик.

Свеченото отворање на Фестивалот е во сабота 21-ти мај. Наградите ќе бидат соопштени и доделени на 22-ти мај во просториите на НУЦК „АСНОМ“ во Гостивар. Останатите, од селекцијата на жирито ќе бидат застапени во алманахот „Литературни искри“ 2016.

Фестивалот се одржува трета година по ред.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска