А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Груевски е нарачателот на одлуката на Иванов, потврдено е злосторничкото здружување

by А1он14/04/2016 - 14:5679
Share0

„Креаторот на длабоката државна криза во земјава, Никола Груевски, е нарачателот на одлуката на Ѓорге Иванов, со којашто се погазија уставот и законите во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

За да се заштити себе си и криминалната банда околу него, Никола Груевски нарача, а Иванов спроведе државен удар.

ВМРО-ДПМНЕ не ја потпиша иницијативата за одговорност и разрешување на Иванов со што потврди дека станува збор за договорена и смислена акција по нарачка на Никола Груевски.

Брзината на постапувањето, објавувањето на одлуките во Службен весник, брзото ослободување на лица од притвор, само неколку часа по скандалозната прес конференција на Ѓорге Иванов, е уште еден доказ за тоа.

Граѓаните знаат кој управува со Иванов и зошто на нелегитимни, криминални избори е поставен.

На сите им е јасно, Никола Груевски и Ѓорге Иванов се дел од злосторничкото здружување против Република Македонија.

Тоа Никола Груевски денеска директно го потврди со тоа што не ја одби аболицијата од Иванов.

Македонија нема да дозволи да биде срушена.

Граѓаните се обединија против Никола Груевски и злосторничкото здружение. Граѓаните се кренаа на нозе и јасно ставија на знаење дека нема да бидат заложници на криминална банда на чело со Никола Груевски.

Само заминување на криминалната банда и одговорност на сите што учествувале во криминал и корупција може да ја ослободи Македонија.

Целиот демократски свет во Македонија, на чело со Зоран Заев, заедно со граѓаните, ќе се избори за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија.

Ќе се избориме за враќање на слободата и демократијата“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

Горан Наумовски24/12/2025 - 12:15

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:0824/12/2025 - 11:43

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:42

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски24/12/2025 - 08:4524/12/2025 - 09:52

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Горан Наумовски23/12/2025 - 19:41

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

Горан Наумовски23/12/2025 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен