Вториот тенисер на светот Роџер Федерер во второто полуфинале го победи Британецот Енди Мареј со резултат 7:6, 6:2, по 93 минути игра.
Ова беше нивни 19-ти меѓусебен дуел и деветта победа за Федерер.
Претходно светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ, со победа над Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро (4:6, 6:3, 6:2) се пласираше во финалето на завршниот мастер турнир во Лондон.