Јункер ја критикува Турција поради реакциите за шегобијната песна

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска ја критикуваше Турција поради нејзината реакција за подбивната песна од германскиот сатиричар, и порача дека ЕУ нема да попушти кога станува збор за европските вредности, без оглед на важноста за задржување на договорот со Анкара за спречување на приливот на имигранти.

Јункер во Европскиот парламент (ЕП) рече дека дијалогот е единствен начин за да се решат прашањата со Турција, вклучувајќи го и спорот за германскиот телевизиски сатиричар кој во песна го навреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Танјуг.

Тој нагласи дека не му е разбирливо како германскиот амабасадор е повикан во Анкара на консултации за сатиричната песна.

– Тоа не ја приближува Турција кон нас, тука се повеќе не оддалечува едни од други, рече Јункер пред пратениците во ЕП во Стразбур.

Германија го разгледува барањето на Турција кривично да го гони ТВ комичарот, но канцеларката Ангела Меркел вчера рече дека тоа прашање е одвоено од договорот за имигрантите.

Германските обвинители минатата седмица покренаа прелиминарна истрага против комичарот Јан Бемерман (35), кој со шегобијна песна за Ердоган реагираше на одлуката Анкара да го повика на консултации амбасадорот на Германија минатиот месец поради сатиричната песни која претходно е емитувана на германска телевизија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски