Вељаноски: Нема уставни и законски можности за свикување седница за импичмент на Иванов

Од:

Од Кабинетот на Трајко Вељаноски тврдат дека со распуштањето, претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница.

Реакцијата е по поднесувањето на иницијативата за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов од страна на пратениците од СДСМ. Од Кабинетот наведуваат дека се направени консултации со стручните служби на кои уште еднаш било потврдено дека не постојат можности за свикување на ваква седница.

Во ситуација кога Парламентот е распуштен, според Уставот, идна седница може да биде свикана само во случаи на воена опасност и вонредна состојба, односно природна непогода или епидемија, велат од Кабинетот на Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба