(ВИДЕО) Заев: Излеговме со чесна понуда, навреме ги презентираме кандидатите

Од:

Кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ во Струмица, на Академијата за локална самоуправа, дискутираа за локалната самоуправа , со цел надоградување на знаењето на претендентите за градоначалничката функција.

„Понудата на нашите кандидати, тоа граѓаните ќе го препознаат како сериозна понуда. Очекуваме победа на локалните избори, имаме одлични кандидати“, рече потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

,, Излеговме со чесна понуда, навреме да се презентираме на граѓаните. Преку оваа Академија за локална самоуправа се разменува искуства на тоа што представува финансиски аспект на локална самоуправа-ресурси за идниот развој, примена на практични искуства, дебата и дискусија за применливост на одредени идеи е одлична можност за надоградување на нашите кандидати и нивната подготовка  веднаш после изборите да влезат во решавање на проблемите на граѓаните и реализација на проектите од локалната самоуправа. СДСМ води постапка сега за 7  градоначалници. Наша цел е ,  до крајот на оваа година сите кандидати од „Сојузот на иднината“ и советничките листи бидат познати на јавноста. Ваквиот чесен пристап ќе им даде можност на граѓаните да ги запознаат кандидатите кои во иднина ќе ги возат општините” , изјави потпретседателот на СДСМ и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев

Академијата за Локална самоуправа е организирана од страна на Прогрес институтот за социјална демократија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата