ДОМ: Оставка за Иванов – не ни треба ни монарх, ни марионета!

Од:

„ДОМ бара оставка за Иванов, зашто тој со еден проглас направи серија кривични дела, се дискредитира како претседател на држава, се понижи себеси како правник и ја засрами благородната професија, чија мисија е обезбедување право и правда!

Преку аболиција на „сите политичари“ за кои се води или ќе се води судска постапка за криминал, корупција, изборни измами или кршење на човековите права и слободи, Иванов го згази правниот поредок во земјата, ги закочи демократските реформи, ја згази пресумпцијата на невиност и однапред ги прогласи за виновни сите лица за кои СЈО поведе постапки, следејќи ги индициите од прислушкуваните разговори. Иванов направи длабок расцеп во македонското граѓанско ткиво, под плаштот на самопрогласен „обединител“. Тој направи и расцеп помеѓу Република Македонија и останатиот демократски свет, објавувајќи странски заговор против неа!

На Македонија не и треба монарх кој со проглас ќе одлучува за нашите животи, ќе дели милост надвор од закон, по лична воља, и нема да одговара пред никого! На Македонија не и треба ни марионета, која ќе глуми претседател, а ќе игра според вољата на политички моќници во чии конци се вплеткал!

На Македонија и треба враќање во нормалност, а тој процес во овој момент треба да започне со институционална борба на свесните пратеници за свикување вонредна собраниска седница за измена на одлуката за распуштање на Собранието, по што ќе следи постапка за импичмент на Претседателот.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, е потписник на барањето за свикување собраниска седница, а ДОМ како партија која се бори за почитување на правната држава и почитување на човековите права и слободи, ги повикува сите демократски и одговорни граѓани да се придружат во заедничката борба за излез од политичката криза“, соопштуваат од ДОМ.

 

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски