ЛДП: Излезете на протести, ова е битка за иднината на нашите деца!

Од:

„Либерално-демократската партија ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестите иницирани од група граѓани, револтирани од скандалозната, противзаконска и неправична одлука на Ѓорге Иванов. Со оваа одлука, Иванов застана на страна на политичарите криминалци и буквално им плукна во лице на сите граѓани кои што сакаат да живеат во правна држава и да имаат правична власт.

Сметаме дека помина времето за политички коректна борба, борба во институциите на системот и време е народот да ги земе работите во свои раце. На улица!

ЛДП со цел свој капацитет ќе се приклучи на протестите и воедно за апелираме мирно и достоинствено однесување на истите.

Овие протести се поголеми од целата опозиција и граѓанскиот сектор заедно. Ова е последната битка на граѓаните против оваа ненародна, анти-државна власт која ги зема под контрола буквално сите институции. Ова е битка за нашите деца и децата на нашите деца. “Кога власта е неправична, граѓанинот не само што има право да не ја послуша, туку тоа е негова должност”- Томас Џеферсон“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство