Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) иЗдржението на судска администрација бараат во првите сто дена од составувањето на новата влада да се решат нивните барања за измена на Законот за судска служба, зголемување на платите на вработените во судската администрација, исплаќање на зголемувањето од пет отсто на јавната администрација и враќање на работното време од 7:30 до 15:30 часот.
Доколку не бидат исполнети овие барања, УПОЗ и Здружението, како што најавија денеска преку соопштение, ќе продолжат со штрајкот.
УПОЗ и Здржението на судска администрација организираа штрајк и протест пред судовите на 23, 24 и 25 март годинава, упатувајќи ги барањата до министерствата за правда и за информатичко општество и администрација.