Португалските војници на протест против мерките за штедење

Од:

Само два дена пред посетата на германскиот канцелар Ангела Меркел на Португалија илјадници португалски војници синоќа учествуваа во демонстрациите против мерките за штедење во оваа земја-членка на еврозоната, зафатена од кризата.

Околу 10.000 припадници на армијата, со различен ранг, протестираа против „неоправданите кастрења“ на плоштадот Реставрадореш, во центарот на градот, и го повика претседателот Анибал Каваку Силва да стави вето на спорниот рестриктивен буџет, одобрен од десноцентристичката влада.

Меркел инсистира земјите, како Португалија, Грција и Шпанија, да ги намалат своите трошоци за да ги ограничат своите растечки државни долгови.

Протестите на војниците беа насочени против натамошните кастрења на расходите во социјалната сфера и зголемувањето на даноците, но и кон специфичните проблеми на армијата, како недоволното финансирање за поддршка и ремонт на опремата и за воената обука.

Претходно, во вторникот, 5.000 полициски службеници учествуваа во најголемиот полициски протест во историјата на Португалија, на кој го изразија своето незадоволство од мерките за штедење.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија