Голден Стејт го изедначи рекордот на Чикаго

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт му го нанесоа првиот пораз на Сан Антонио на домашен терен и го изедначија рекордот на Чикаго од сезоната 1995/96 кој имаше биланс од 72-10 (победи-порази).

Најзаслужен за триумфот на шампионот беше Стеф Кари со постигнати 37 поени.

Со евентуална победа против Мемфис на 14 април во последното коло од лигашкиот дел, Голден Стејт ќе го сруши рекордот на Чикаго и ќе биде тимот со најдобар биланс во историјата на НБА лигата.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:

Хјустон – ЛА Лејкерс 130:110,
ЛА Клиперс – Далас 98:91,
Филаделфија – Милвоки 108:109 (по продолжение),
Денвер – Јута 84:100,
Индијана – Бруклин 129:105,
Мајами – Орландо 118:96,
Сан Антонио – Голден Стејт 86:92 и
Њујорк – Торонто 89:93.

Пласман Источна конференција: Кливленд 56-24 (победи-порази), Торонто 54-26, Атланта 48-32, Бостон 47-33, Мајами 47-33, Шарлот 46-34, Индијана 43-37, Детроит 43-37,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 72-9, Сан Антонио 65-15, Оклахома Сити 54-26, ЛА Клиперс 52-28, Портланд 43-38, Мемфис 42-38, Далас 41-39, Јута 40-40, Хјустон 39-41,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on