Во Драчево се започнати подготовките за изградба на ново училиште „Рајко Жинзифов“ информираат од општина Кисела Вода.
Писмата за соработка помеѓу Владите на Народна Република Кина и Република Македонија беа потпишани во Ноември 2011 година, по што следеа активности за скенирање на теренот, изготвување на проектно – техничка документација, отстранување на старите и дотраени азбестни бараки на училиштето и потпишување на Договорот помеѓу општината Кисела Вода и International Engineering Corporation, компанија овластена од НР Кина, информираат од Општината.
Општината Кисела Вода информира дека училиштето треба да биде готово до 1-ви Ноември 2013 година а неговата изградба ќе чини 3.9 милиони евра.