Околу 1000 учеснички на женската трка пред Скопскиот маратон

Од:

Околу 1000 натпреварувачки денеска учествуваа на големата женска трка што се одржа во Скопје и истрчаа два километри околу езерцето во Градскиот парк. На најдобрите во неколку возрасни категории им беа доделени медали и дипломи, а беше организирана и лотарија за сите учеснички.

Трката е дел од промотивните активности за најмасовниот спортски настан во Македонија, Скопскиот маратон кој ќе се одржи на 8 мај. Големата манифестација од годинава има и нови поддржувачи, компаниите „Пелистерка“ и „Здравје Радово“, клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Стопанска банка АД Битола“.

Досега за Скопскиот маратон се пријавени повеќе од 4.500 натпреварувачи од 38 држави, а аплицирањето за учество е отворено до 29 април со што се очекува бројот на учесници уште повеќе да се зголеми. Женската трка е дел од промотивните активности на скопскиот маратон чија цел е да се популаризира трчањето како спортска активност. Останува да се одржи уште и детската трка која е насочена кон тоа да им го приближи трчањето и на најмладите.

На Скопскиот маратон главно обележје се: стандардните трки – маратон (42.195 километри), полумаратонот (21.097кимоетри) и трката на пет километри. Организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат четири трки на програмата, како и што беше планирано и за минатиот маратон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето