Без струја повеќе делови од Скопје

Од:

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат жители од повеќе општини, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи. 

Во периодот од 8:00 до 18:00 часот, без струја ќе останат сите стопански објекти во кругот на поранешната фабрика Стаклара, во општина Кисела Вода. 

Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубош – место викано Врапче, општина Студеничани, како и корисниците од ул. 9 – ти Мај, општина Центар.

Во периодот од 8:30 до 12:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на бул. Крсте Мисирков во стариот објект на Центро (Туркиш Донер, Мега Фешн, Хедер Фешн и останати корисници во истите објекти ) и Сенатор во општина Чаир.

Од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Нов Живот, Дринска и Виничка, во општина Шуто Оризари, како и корисниците од улиците Чаирска и Цветан Димов – зад Донер Хамза, во општина Чаир.

Од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од Капан – Ан Чаршија, од 9:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Мирковци, општина Чучер Сандево, од 10:30 до 14:00 часот корисниците од место викано Чардак – Чучер Сандево, од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.22 во Сопиште.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја