Голден Стејт на чекор до рекордот на Чикаго

Од:

Голден Стејт се наоѓа на чекор до израмнување на рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1995/1996 (72 победи, 10 порази), откако изминатата ноќ, минимално славеше над Мемфис 100:99.

Кошаркарите на актуелниот шампион вложија многу труд за да слават над десеткуваниот Мемфис, откако во последните шест минути надополнија негатива од десет поени.

Голден Стејт се мачеше во нападот, ударната двојка Кари-Томпсон погоди само три од 20-те обиди за три поени.

Кари мечот го заврши со 17 поени, девет скокови и осум асистенции, а повеќе кошеви од него постигнаа Дрејмонд Грин (23 поени, 11 скокови) и Томпсон (20 поени).

Мемфис го предводеше Мет Барнс со 24 поени и 15 скокови.

Голден Стејт, на два меча до крајот на сезоната, има 71 победа и девет порази. До крајот Вориорс ќе гостуваат во Сан Антонио и ќе го пречекаат токму Мемфис.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on