Централниот одбор на ДОМ ја потврди одлуката за бојкот на изборите

Од:

На денешната седница Централниот одбор на ДОМ ја потврди одлуката на Извршниот одбор за бојкот на изборите на 5 јуни. Како партија која инсистира на владеење на демократските принципи во земјата, не можеме да прифатиме да излеземе на избори на кои не се обезбедени елементарните услови тие да бидат фер, слободни и демократски. За таа цел се неопходни чист избирачки список и регулирана медиумска сфера.

Целата јавност можеше да се увери во каква хаотична состојба е избирачкиот список, со над 300.000 спорни гласачи, како што кажа ДИК во првичниот извештај, донесен со консензус на сите негови членови. Подоцна, мнозинството членови на ДИК излегоа со бројка од 110.000, за на крај да ја сведат на 89.000 лица. Самата теренска проверка беше изведена несериозно, со поигрување со граѓаните и нивната интелигенција. Имено, на тој конечен список од спорни 89.000 лица „кои не постојат во ниту една база на податоци“, како што најави ДИК, се најдоа лица што со децении живеат на иста адреса. Но затоа на тој список ги немаше илјадниците починати, иселени и измислени гласачи од туѓи станови, ходници, празни куќи, амбасади и бензински пумпи што граѓаните со свои очи ги прочитаа во електронската апликација и ги пријавија во ДИК!

ДОМ смета дека треба да продолжи борбата на сите демократски сили во земјата за обезбедување услови за кредибилни избори, што се неопходни за излез од длабоката политичка криза во која се најде Македонија.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски