Два концерта вечер на Денови на македонска музика

Од:

Во рамки на 39. Денови на македонска музика, вечер во Музеј на Град Скопје ќе има два концерта за кои влезот за публиката е слободен. Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), организатор на фестивалот, за 19 часот најави Концерт на млади композитори, а од 20 часот – концерт на Дувачкиот квинтет на ансамблот „Сонорис“.

На вечерта посветена на младите композитори ќе се претстават студенти по композиција од факултетите за музичка уметност од Скопје и од Тетовскиот универзитет. Нивните композиции ќе ги изведат нивните колеги од инструменталните оддели од факултетите на кои студираат. Ќе настапат и веќе професионални и афирмирани музичари,  како кларинетистите Љупчо Чедомирски и Игор Иванов и флејтистката  Катерина Бачевска.

На концертната програма на Дувачкиот квинтет на ансамблот „Сонорис“ се премиерни изведби на дела за дувачки квинтет создадени во 2015 година од композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Вулнет Таири, Дамјан Темков и Илија Илиевски.

Дувачкиот квинтет на ансамблот „Сонорис“ го сочинуваат: Ванчо Аревски (флејта), Татијана Петрушевска (обоа), Игор Бакревски (кларинет), Антонио Костески (хорна) и Марјан Милошевски (фагот).

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска