Претставување на шпанската и јужноамериканската книжевност во НУБ

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска во рамки на „Денови на светската книжевност“ ќе го организира четвртиот од серијата настани. Тој е посветен на шпанската и јужноамериканската книжевност и е насловен „На двете страни од океанот: литература по(д) диктатура“.

НУБ најави книжевни излагања на Огнена Никуљски и Сања Михајловиќ-Костадиновска, кои ќе се осврнат на најбележитите литературни дела од јужноамерикански автори што може да се подведат под жанровската одредница диктаторски роман и на неколку значајни дела напишани за време на цензурата во Шпанија.

Романот „Јас, Врховниот“ од парагвајскиот писател Августо Роа Бастос, кој е објавен во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, е едно од најзначајните дела во низата латиноамерикански романи за диктатори. Меѓу нив со високи книжевни вредности се издвојуваат и романите на Мигел Анхел Астуријас, Габриел Гарсија Маркес, Марио Варгас Љоса…

Ќе бидат претставени и неколку значајни дела напишани за време на цензурата во Шпанија, како „Ништо“ од Кармен Лафорет, „Копач“ од Антонио Ферес, „Талкања низ Мадрид“ од Франсиско Умбрал, „Време на тишина“ од Луис Мартин-Сантос, „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес…

– Да се пишува за диктаторите (реални и имагинарни) е секогаш предизвик, затоа што животот на диктаторот не е товар само врз раката и совеста, туку претставува и совршена метафора на апсолутната власт каде човекот се соочува во самотија со големината и мизеријата, со славата и поразот, информира НУБ.

Присутните на настанот во НУБ ќе може да ги разгледаат и да ги купат книгите од шпанските и јужноамериканските автори преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“.

Првиот настан од серијата „Денови на светската книжевност“ беше посветен на кинеската книжевност, а потоа следуваа претставувањата на американската и на унгарската книжевност.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска