(ВИДЕО) Заев: СДСМ нема да учествува на овие лажни избори

Од:

СДСМ нема оди на избори, објави лидерот на партијата Зоран Заев, на прес конференција по распуштањето на парламентот.

„Без слободни избори нема слобода. Еден човек, еден глас. Овој принцип требаше да се обезбеди со договорот од Пржино. Никола Груевски го цело време го крши договорот. Зборот навистина е збор. Во име на демоктратијата СДСМ нема да учествува на овие лажни избори“, рече вечерва на прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

ДИК пред 15 дена едногласно усвои извештај за над 313.000 спорни гласачи, до денес повеќе од половина теренски не се пронајдени, власта не сака да ги избрише, рече Заев.

„Таму каде мртвите гласаат, каде партиски послушници ги крадат изборите на вистинските гласачи, таму нема слобода. Демократска Македонија ова нема да го дозволи. Ги повикуваме сите граѓани, студенти, земјоделци, без разлика на верска и било каква определба, заедно да застанеме и да ја зачуваме демократијата.Во име на граѓаните на Никола Груевски му порачувам нема да го згаснете светлото на слбодата и демократијата.Или Груевски или Македонија“, рече Заев.

Остануваме, нагласи, на барањето за чист избирачки список и регулација на медиумите, тоа се основите за фер и демократски избори во Република Македонија.

Секогаш постојат начини да се избориме за демократија и за слобода, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ