(ВИДЕО) Сугарески: Да бидат констатирани оставките на министрите и замениците од СДСМ

Од:

Собранието на Република Македонија ја прекина работата по 98. седница. Паузата следи на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, кој откако министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ денеска поднесoa оставки на функциите во Владата, побара од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, итно да ги достави оставките до Собранието.

– Дополнително имаме поднесено барање за итна седница согласно Уставот на РМ на која што ќе бидат констатирани нивните оставки, рече Сугарески.

Во меѓувреме, тој најави дека пратеничката група ќе достави допис до Собранието со кој законите за кои што се води расправа на 98. седница ќе бидат повлечени.

Станува збор за измените и дополнувањата на Законот за шумите,  за персоналниот данок на доход, за здравственото осигурување и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Претходно, мнозинството не ги поддржа измените на законите за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење и за туристички развојни зони, исто така предложени од опозицијата. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он