Германија ги запира пасошките контроли на границата со Австрија

Од:

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер најави дека до средината на мај ќе ги запре пасошките контрола на границата со Австрија, кои беа воведени по почетокот на бегалската криза минатата година.

– Го намалуваме интензитетот на контролите и ги повлекуваме полицајците чекор по чекор. Врз основа на моменталната анализа, доколку бројот на мигранти остане низок од 12 мај нема да спроведуваме гранични контроли, изјави министерот за автриските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, најавата од Германија доаѓа по барањето на Европската комисија за промена на правилата за азил во ЕУ, со кое е можна промена на правилото според кое бегалците мораат да поднесат барање за азил во првата земја на ЕУ каде што пристигнуваат.

Вонредните мерки на националните граници, кои иако се легитимни според европското законодавство, ги вжештија дебатите за функционалноста на „Шенгенскиот систем“. Мерките беа воведени во септември кога во земјата влегуваа и по 10.000 бегалци дневно.

Најавата за прекин на вонредните гранични контроли се случува откако дојде до драматичен пад на приемот на нови бегалци по договорот кој ЕУ го потпиша со Турција со кој официјална Анкара во замена за финансиска помош и забрзување на евроиннтеграциите се согласи да го спречи трансферот на бегалци кон Европа.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски