Ставрески: Исплативме повеќе од половина од долгот кон фирмите

Од:

Владата веќе исплатила половина од долгот кон стопанството и по основ на данокот на додадена вредност и по основ на извршени градежни работи и услуги.

Тоа го наведува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во интервју за „Утрински весник“, истакнувајќи дека е исполнето ветувањето кон бизнисмените и тоа еден месец порано од рокот.

– Со крајот на октомври, над половина од обврските се веќе исплатени, како по основ на поврат на ДДВ, така и по основ на налози за градежни, комунални и други услуги. Динамиката на исплата ќе продолжи со вакво темпо и заклучно со февруари 2013 година, ќе го исполниме ветувањето кон бизнис-заедницата за комплетно расчистување на обврските, вели Ставрески.

Владата, укажува, воспоставила систем, со конкретни инструкции и до државните институции и до корисниците на буџетските средства за тоа како ќе тече исплатата за да не дојде до повторно акумулирање долгови.

– Да, има системски промени и во тој дел е променето трезорското упатство. На буџетските корисници им се дадени инструкции планирањето на средствата да биде во согласност со обезбедениот буџет за следната година, да не се планираат проекти кои го надминуваат тој буџет. Буџетот и трезорот стриктно нема да примаат налози за плаќања доколку тие не се испланирани и не се во дадените рамки. Тоа се системски мерки што ги презедовме. Очекувам во иднина врз база на направените системски промени редовно да ги извршуваме обврските. Треба да се знае дека Македонија е прва земја во регионот што го реши овој проблем и земја со најмал проблем на акумулирани обврски. Кај другите земји, согласно со информациите што ги имаме, проблемот е поголем, а не е ниту почнато да се решава, посочува вицепремиерот Ставрески во интервјуто.

 

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада