Институтот за филм – Филмската академија од Охрид наредниот викенд ќе го организира првиот филмски фестивал „Feelmotion“, во чии рамки ќе бидат организирани и средби на млади режисери, сценаристи, продуценти и студенти.
На програмта на фестивалот што ќе се одржува од 8 до 10 овој месец ќе бидат прикажани 24 кратки филмови, како и 12 кратки анимирани филмови од млади автори од Академијата во Охрид, како и од регионот и пошироко.
Дел од фестивалот ќе биде и панел-дискусија на независни продуценти на тема „Како да се обезбедат финансии за првиот проект“, како и дискусија посветена на филмското образование во регионот.
На фестивалот ќе биде поставена и изложба на фотографии на автори од Фото-кино клубот од Битола.