Промоција на „Чејка и Чајка“ од Вера Чејковска

Од:

Промоцијата на збирката раскази „Чејка и Чајка“ода Вера Чејковска ќе се одржи утре во 20 часот во Галеријата на МКЦ, а за книгата ќе зборува промоторот проф. Иван Џепаровски.

Вера Чејковска (Скопје, 1954) е македонска поетеса, есеист, доктор на физички науки, добитник на македонските поетски награди „Млада Струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“.

chejkaichajka (2)

Изворно, на македонски јазик, ги објавила поетските книги: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993 – избор), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008 – избор) и Моите веди (2013). Издадени се два нејзини поетски избори на англиски и еден на албански јазик.

За нејзината поезија се напишани над триесетина засебни текстови од дваесетина познати македонски критичари, во кои општите оценки се движат од антитрадиционалност во однос на целокупната македонска поезија до постмодернизам и пост-постмодернизам.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска