СДСМ Струмица: Груевски не може да се помири со реалноста – Тој одамна не е премиер!

Од:

„Никола Груевски не може да се помири со реалноста дека одамна не е премиер. Груевски целосно ја игнорира реалноста затоа што знае дека премиер никогаш повеќе нема да биде.

Секојдневно промовира владини проекти, најавува виртуелни проекти и инвестиции, манипулира со граѓаните и им ветува решавање на нивните проблеми, а кои тој и неговата влада ги создадоа во изминатите 10 години“, рече Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

„Во која улога и со чии пари го прави тоа Груевски? Со парите на ВМРО-ДПМНЕ или со парите на граѓаните?

Откако до него не допре гласот на струмичани дека не сакаат барок во Струмица, без срам Груевски дојде на отварањето на новата барокна зграда на јавната администрација чијшто инвеститор е Министерството за финансии.

По кој знае кој пат се појави на местото на стариот театар за уште еднаш да каже дека неговата изградба ќе биде готова до декември.

Чии згради се тоа Груевски? На ВМРО ДПМНЕ? Со партиски пари ли се прават или со пари од даночните обврзници?

Груевски многу сака со парите на граѓаните да си игра премиер. Но, Струмичани вчера му ја испратија вистинската порака, Груевски заминува во историја, го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 годни. Неговите манипулации не поминуваат повеќе.

Вчерашниот престој на Груевски во Струмица уште еднаш потврди дека тој и владата на ВМРО ДПМНЕ се вистински манипулатори. Наводно пуштија нова барокна зграда, а која во функција ќе биде дури по два месеца, затоа што таа сега е празна.

Барокниот стиропор на старата полоциска зграда, којшто чини 1.1 милион евра и којшто можеше да се реставрира со многу помалку пари, ја отсликува бледата копија од најкриминалниот проект во последните 20 години во Македонија – Скопје 2014.

Лажните и лицемерни ветувања на Никола Груевски, последиците од криминалните политики во изминатите години уште еднаш потврдуваат дека на Македонија и се неопходни промени.

Меѓу првите работи што ќе ги направи новата одговорна влада предводена од СДСМ, ќе биде одвојување на државата од партијата и департизирање на институциите.

Ова е незапирлив процес. Доаѓаат промени за подобар живот и сигурна иднина на сите граѓани во Република Македонија, што ќе ги донесе нова, чесна, одговорна и транспарентна Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Да не дозволиме ова зло никогаш повеќе да се повтори“, изјави Костадин Костадинов.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат