Потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала денеска соопшти дека на минатонеделниот сеазски форум во Хаинан во Кина, побарал смирување на страстите и намалување на политичката затегнатост меѓу неколу азиски држави и САД од една и Кина од другата страна, во врска со се позачестените меѓудржавни инциденти во Јужното Кинеско Море.
Ова море е една од најзначајните светски сообраќајници и е богато со риби, нафрта и гас, а за него Кина тврди дека има целосен историски и географски суверенитет.
Повикот за смирување Кала го образложи со реалната можност зачестените инциденти меѓу кинеските воени и цивилни бродови со воени бродиви и крајбрежни стражи на Индонезија, Виетнам и Тајван да станат посеризни.
Потпретседателот на Индонезија смета дека степенот на затегнатоста е многу поблизок до започнување на отворени судири, отколку до мирно решавање на споровите. Кала додаде дека разгорувањето на конфликтот, покрај лоши економски последици, може да доведе и до непосакувани воени судири во регионот на источна и југоисточна Азија.
Индонезија нема формален спор со Кина околу сувереноста над делови од Јужното Кинеско Море, но релациите меѓу Џакарта и Пекинг се влошија откога кинески воени бродови минатиот месец интервенираа за ослободување на кинески рибарски брод, кој беше фатен во илегален лов во морсскиот простор во индонежанската економска зона.
Индонезија ја презеде улогата на посредник за решавање на спорот меѓу Кина и другите држави од регионот, кој го спорат едностраното кинеско прогласување на целосен суверенитет над Јужното Кинеско Море.
Против Кина до Меѓународниот суд во Хаг тужби поднесоа Филипините и Виетнам, а право да имаат сопствена морка територија бараат и Малезија, Брунеи и Тајван. Кина не отстапува од ставот дека споровите, евентуално, би се решавале билатерално, а се противи и на најновата улога на САД да ги докажува слободите за пловење и прелет, што Американците го прават со тоа што нивни воени бродови од лани есента пловат заедно со филипински воени и цивилни бродови.