Констатирани оставките на министрите од ДУИ

Од:

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денескаги констатираше оставките на министрите и замениците министри од Демократската унија за интеграција. Како што дознава А1он, седница за назначување на новите министри не е закажана поради тоа што Владата нема испратено листа со новите министри кои вчера ги предложи ДУИ.

Откако во четвртокот доцна вечерта беа најавени, во петокот оставки поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа ги предложи нови кандидати за министри. За заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања е предложен Фестим Халили, а Арбер Адеми е предложен за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

Валдет Џафери е предложен за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Беким Максути е предложен за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година