Во среда ќе се прска против комарци во Скопје

Од:

Град Скопје информира дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира в среда, а во четврток ќе се спроведе терестричната дезинсекција (земјена).

Првата аеросолна дезинсекција (авионска) за годинава ќе се одвива од 6 до 12 часот. Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Земјената дезинсекција, прва за годинава, ќе се реализира од 9 до 17 часот. Ќе ги опфатени сите стоечки водени површини во Скопје (канали, езерата во Градскиот парк, езерото Треска и по течението на реката Вардар).

Град Скопје информира дека доколку временските услови не дозволат, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Согласно на тоа ќе се извршува и соодветната земјена дезинсекција.

Градските власти апелираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот