Лагард: Се уште сме далеку од усвојување програма за Грција прифатлива за ММФ

Од:

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека разговорите за грчкиот долг се уште се далеку од договор за програма, која ќе биде прифатлива за ММФ.

– Според мене преговорите, кои сега се водат се се уште далеку од програмата, која би можела да ја претставам на Управниот совет, напиша Лагард во писмото до грчкиот премиер Алексис Ципрас, објавено на сајтот на ММФ.

Писмото е одговор на барањето на Атина, Фондот да даде појаснување по објавувањето од Викиликс на документ, поврзан со преговорите, водени меѓу Атина и нејзините кредитори, во кој претставник на ММФ ја споменува можноста за објавување на платежна неспособност на Грција.

Според објавата на Викиликс од саботата, шефот на европскиот оддел на ММФ, Пол Томсен и раководителот на мисијата на Фондот за Грција, Делија Велкулеску во телеконференциска врска разговарале како да извршат притисок врз Грција и и се заканувале на земјата со банкрот, доколку не усвои нови строги мерки за штедење, кои не се вклучени во меморандумот, потпишан со меѓународните кредитори.

Во август 2015 година Еврогрупата, која ги обединува министрите за финансии на земјите од еврозоната, одлучи да има трета тригодишна меѓународна програма за кредитирање на Грција во износ од 86 милијарди евра.

Според условите на тој нов пакет, Атина треба да спроведе серија реформи во земјата, најмногу во пензискиот систем.

Меѓународните институции и експерти во моментов прават оценка на достигнувањата во грчките реформи. Откако оценката ќе биде готова, Еврогрупата ќе може да го одобри отпуштањето на новата транша од меѓународната макрофинансиска помош за Атина согласно третата програма.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели