(ВИДЕО) Кирацовски: Нов скандал тежок над 1 милион евра преку Иво Ивановски

Од:

Доплнителниот заменик министер за информатичко општество и админситрација Александар Кирацовски денеска обвини дека поранешниот министер Иво Ивановски дозволил, како што наведе, да отидат речиси милион евра на сметка на фирмата Виста Груп, за проектот Интероперабилност, иако фирмата не го испочитувала Договорот склучен со Министерството.

– Станува збор за проектот што беше помпезно најавуван т.е. систем за меѓусебна размена на податоци помеѓу државните институции. Постојат документи, изготвени директно од ова Министерството, во коишто се констатира дека Виста Груп, зела скоро милион евра, а не го исполнила договореното што е противзаконски, рече Кирацовски.
За овој проект, според него, не постои ниту записник за примопредавање, затоа што никој не сакал да преземе одговорност, а Виста Груп не го испочитувала ниту рокот за реализација на проектот, а и покрај тоа Министерството не ја активирала банкарската гаранција, што е спротивно на договорот и на штета на граѓаните.

Кирацовски тврди дека за ова биле свесни сите во Министерството и во останатите институции вклучени во проектот, вклучувајќи и Владата.

– Наместо да ги отстранат неправилностите или да ги информираат органите на прогон, тие пробале тоа добро да го затскријат со доверливи и тајни документации, реорганизација на работењето и нови дополнителни инвестиции за спроведување на веќе исплатениот проект. За ова постојат и документи изготвени од самото министерство и Владата, изјави дополнителниот заменик министер за информатичко општество и админситрација Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он